Како настана НАЈМОЌНАТА ИТАЛИЈАНСКА МАФИЈА НДРАНГЕТА


Стотици осомничени криминалци ќе се соочат со правдата на најголемото судење за организиран криминал во Италија во последните 35 години. Се очекува на солушувањата да се открие начинот на работа на еден од најтајните и најмоќните италијански мафијашки ланци на организиран криминал, со необично име - Ндрангета. Како настана, што прави и зошто влезе во книгите?

Ндрангета е мафијашка криминална организација од југот на Италија, која се шири на северот на земјата и ширум светот уште од 50-тите години на минатиот век, а на почетокот на 21-от век стана најмоќната организација од тој тип.

Дипломатски извори на САД проценуваат дека нејзините приходи од трговија со дрога, изнуда и перење пари сочинуваат најмалку 3% од италијанскиот бруто производ. Поради криминални активности, започна масовното судење на оваа организација, во кое се опфатени 355 обвинети, 400 адвокати и повеќе од 900 сведоци на обвинителството.

Судењето се одржува во градот Лемеција Терме, во Калабрија, кој е меѓу најсиромашните области во Италија и е под контрола на Ндрангета. Судскиот процес го води најпознатиот италијански обвинител за борба против мафијата, Никола Гратери, кој живее под полициска заштита повеќе од три децении. 58 државни сведоци се очекува да ги обелоденат криминалните активности на највлијателното семејство на кланот Манкузо и да го нарушат кодексот на тишина, односно „омерта“.

Кланот е обвинет за притисок врз политичари, перење пари преку недвижен имот, шверц на дрога, па дури и поседување приватни воени сили кои го окупирале градот Вибо Валенсија, вели Енцо Чиконте, поранешен член на италијанскиот парламент и професор по историја на италијанската мафија на Универзитетот Павија во Италија.

Повеќето од обвинетите беа уапсени за време на серија меѓународни рации во 2019 година, во Италија, Швајцарија, Бугарија и Германија, за трговија со дрога, изнуда, откривање на службени тајни, злоупотреба на службена должност, мафијашко здружување, убиства и обид за убиства, поседување украдени добра и перење пари.

Членовите на Ндрангета исто така се најдоа и во белетристиката. Гијом Мисо пишува за нив во романот „Девојка и ноќ“. Првото масовно судење се одржа од 1986 до 1987 година, за сицилијанската мафија, кога беа осудени 338 лица. Како резултат, подоцна беа убиени обвинителите Џnовани Фалконе и Паоло Борселина.

Ваквите судења обично се контроверзни теми во Италија, со оглед на потребата да се даде фер сослушување на секој осомничен.

Крајниот збор за сите пресуди го дава Врховниот касационен суд во Рим. Вообичаеното кривично судење во Италија трае околу 6 години



извор: vecer.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum