Како ја доживуваат зимата: Скопјани VS. Битолчани

+ 10°C


– Скопјани вклучуваат греење; на Широк Сокак уште се пие пиво.


+ 2°C


– Скопјани поради снегот имаат гужва во сообраќајот; на Широк Сокак може да се забележи гужва по кафулиња.


0°C


– во Скопје се разговара за вонредна состојба; на Широк Сокак се разговара дали да се пие кафе надвор на масите, или внатре.

– 10°C


– Скопјани сред елементарна непогода; Битолчани почнуваат да ја вадат зимската облека


– 20°C


– Скопјани ги нема, затворени дома, забарикадирани; Битолчани започнуваат да ги закопчуваат палтата, и се спремаат за прошетка на Тумбекафе.


– 30°C


– автомобилите не палат и Скопјани не функционираат; Битолчани одат пешки и планираат прошетка до Езера и Антена.


– 40°C


– во Европа распад на парно инсталациите; Битолчани не сакаат да чујат за парно.


– 50°C


– во Битолската библиотека – размена на искуства со колегите од Сибир.


извор: navalica.com

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum