Каде се и што прават ѕвездите од последниот шампионски Пелистер!?

Точно петнаесет години трае постот на битолски Пелистер во македонскиот ракомет, кога во прашање се титулите во Суперлигата и Купот на Македонија. 


Битолскиот ракометен гигант беше страв и трепет за противниците по осамостојувањето на Македонија, а воедно беше и расадник на ракометари кои подоцна блескаа на паркетот, како на клупски, така и на репрезентативен план.


Во својата клупска историја Пелистер шест пати бил шампион во Суперлигата (1992-93, 1993-94, 1995-96, 1997-98, 1999-00, 2004-05), а уште пет пати го освои националниот Куп (1994, 1996, 1998, 1999 and 2005). Последен пат битолската публика на трофеј од домашна сцена се радувал во сезоната 2004/05, кога Пелистер Кометал на доминантен начин триумфираше во првенството и Купот. Поголемиот дел од тој тим беше составен од битолски ракометари, а во ростерот на Звонко Шундовски беа и легендите Манасков, Јовиќ, Мојсовски, Димовски.

  • Знаете ли каде се и што прават ѕвездите од последниот шампионски Пелистер?

Петар Ангелов – активен ракометар (Пролет) Игор Тоскоски – активен ракометар (Аполда, Германија)

Стевче Алушовски – тренер на РК Вардар и сопственик на РК Алушовски Саше Јанкуловски – ракометен делегат Златко Велјановски – тренер во школата на Еурофарм Пелистер

Златко Мојсоски – активен ракометар (Бутел Скопје) Васко Митевски – ракометна пензија Александар Јовиќ – ракометен тренер

Пепи Манасков – тренер на Вардар Јуниор Наумче Мојосвски – претседател на РК Струга Бранислав Ангеловски – по две години спортски директор во Констанца, сега е управител во фамилијарен бизнис во Битола Кире Поповски - тренер во школата на Еурофарм Пелистер Игор Николовски - тренер во школата на Еурофарм Пелистер Олег Маљцев – тренер во ЖРК Волговград Михаил Петровски – ракометна пензија

Ванчо Димовски – директор на „ДСУ Спортска академија“ Скопје Васко Димитровски – активен ракометар (Еурофарм Пелистер 2) Александар Зарков - тренер во школата на Еурофарм Пелистер


извор: gol.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum