Каде луѓето живеат без корона? Во ова место сите возрасни жители се вакцинирани

Малата британска територија Гибралтар е прва во светот која ги вакцинира сите возрасни жители против корона вирус кои покажале интерес за имунизација.

Тоа го потврди министерот за здравство Мет Хенкок, а пренесе Вашингтон пост. Во Гибралтар живеат околу 30.000 луѓе, а таа земја имаше две клучни предности во трката за вакцини: големината и постојаниот протик на дози вакцини увезени од Велика Британија. Тоа ѝ овозможи на тамошната влада да почне вакцинација на илјадници работници кои живеат во Шпанија, но секојдневно патуваат преку границата до Гибралтар заради работа. „Тука сум веќе неколку месеци, не сум стапнал во Шпанија. Преминувањето на границата е составен дел од нашите животи, посетување нови градови секој викенд… Тоа е она на што најмногу се радувам“, вели за АП Кристијан Сеговиа (24) од Гибралтар.

Благодарение на програмата за вакцинирање на Гибралтар, многу аспаекти од секојдневниот живот се вратија во нормала. Училиштата се повторно отворени, како и кафулињата, а повторно се играат и натпревари.

Иако Хенкок го опиша Гибралтар како „прва земја во светот која ја завршила вакцинацијата“, тоа не е потполно точно затоа што уште помалиот Ватикан ја носи таа титутла, потсетува Јутарњи лист.

извор: vecer.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum