Каде ја носат Република Македонија и Македонскиот народ

На 04.01.2021 год. Премиерот на Република Македонија на измислената функција прв Вице Премиер Г-дин Груби му предаде зграда во која се смети измисленото и уникатно Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците во кое се вработени околу 1 500 луѓе, а на работа доаѓаат само 40-тина (односите во државите се уредуваат со закон, а не со министерства) и агенции за контрола на спроведување на законот за употреба на јазиците. Значи во тоа министерство вработени ќе бидат иклучиво албанци.


Ако ги анализираме сите активности кои оваа влада со овај премиер ги превземаат и носат важни одлуки за државата ќе дојдеме до заклучок да полека Македонија од унитарна држава ја претвораат во федерална држава помеѓу македонскиот мнозински народ и албанското малцинство со тенденција накрај за распад како нефункционална држава.


Имено, потпишаа неповолни – предавнички договори со Грција и Бугарија преку кои го сменаа името на државата, се откажаа од македонското малцинство во тие држави, се откажаа од македонската историја и култура и од македонските великани кои се бореа и изгинаа за независна Македонија. Од Уставот го исфрлија АСНОМ за кои загинаа 40.000 Македонци и по некој од другите националности, а го вметнаа Рамковниот договор.


Македонија со тие договори ја доведоа во потчинета положба под Грција и Бугарија што преставува и кривично дело, Македонците дополнително ќе ги гледаат уцените од тие држави. Македонија ја претворија во двонационална држава со тоа што албанскиот јазик го воведоа како службен јазик на цела територија на Република Македонија и онаму каде не живее ниту еден албанец. Владата ја поделија на два дела на Македонска и албанска иако Македонскиот народ е мнозински народ кој во НОБ ја создаде Република Македонија.


Со доделување на зграда на измислена функција како Прв Вице Премиер и на измислено Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, а во која се сместија сите албански агенции при тоа доделувањето го изврши токму на роденденот на Али Ахмети, всушност на албанското малцинство во РМ му направи Влада во РМ.


Најавува попис во кои не е прецизирана метологијата и техниката на попишување и нема одговорност за попишувачите, а ќе се попишуваат сите со матичен број без разлика дали живеат во РМ или не, оправдано се очекува пописот да биде фалсификуван. Македонската држава економски ја опустоши и енормно ја задолжи и Македонскиот народ го направи од втор ред во сопствена држава. Македонскиот народ час побрзо треба да се освести и разбуди од длабокиот сон во кои се наоѓа, да ги заборави личните побарувања и заедно со опозициските партии и сите патриотски сили во државата и надвор и да изнајде демократски начин за човекот кој работи за туѓи агенди и кој едно зборува, а друго прави што поитно го сменат, бидејќи државата ќе оди во неповрат, а ние Македонците ќе му слугуваме на туѓи власти.


КОЛУМНИСТ

ПЕТКО БУРЛИЈОВСКИ


Претседател на невладината организација ПРЕВЕНТ ПЛУС - Битола

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum