ЈОВАН ЈАУЛЕСКИ : Чуму е таков мирен живот ако си дрво без корен "Исправи се Македонијо"

#ИсправиСеМакедонијо 🇲🇰

Кога влегов во оваа битка знаев дека нема да е лесно, но знам дека ќе биде уште потешко ако седам и не преземам ништо додека Македонија ни ја рушат пред очите. Но, чуму ти е таков мирен живот ако си дрво без корен?

Каков е тој лабав живот кога се случува најголемиот грабеж во историјата на Македонија, а ти размислуваш од каде да побараш пари за да испиеш кафе со другарите?

За каков живот можеме да зборуваме кога се колнеа во децата дека нема да чепкаат по најсветото, за денес да сме нација со дообјаснување, да зборуваме јазик кој ни го негираат и фуснота и да живееме во држава со насила наметнато име?

Јас тоа не го прифаќам и затоа одбрав да се борам.

Да се борам против режимот кој ми ги избрка другарите, ми ги излажа и ги натера моите врсници оваа држава да не ја чувствуваат за своја, да се борам против луѓето кои ми ја предадоа Македонија.

А можеме да се бориме и победиме само ако застанеме еден за сите, рамо до рамо за Македонија затоа што ова е последната надеж за исправање на грешките кои ги направи оваа ненародна власт. После ова нема поправен, затоа што ќе ја нема и Македонија, тоа не смееме да го дозволиме.


Затоа, почитувани, пред сѐ македонска младино, ве повикувам да застанеме под знамето на Македонија и како никогаш до сега да покажеме истрајност и љубов кон татковината, а јас ви ветувам дека и мојот последен атом ќе го вложам за да обезбедиме подобар животен стандард за младите и да си ја градиме кариерата дома, а не надвор од границите на Македонија.

Знам дека можеме и убеден сум дека ќе победиме!


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum