Јеремиќ: Мини шенген ќе биде административен простор за прием на стотици илјади бегалци на балканот

Претседателот на опозициската Народната партија (НС), Вук Јеремиќ, изјави дека главната цел на „мини Шенген“ е создавање единствен административен простор на Западен Балкан за прием на стотици илјади бегалци од Блискиот исток и Северна Африка, кои следната година би можеле да тргнат во Европската унија, поради влошената економската состојба како резултат на „заклучувањето на државите и економиите поради епидемијата на коронавирусот“.

-Европската унија го поздравува„ мини Шенгенот“ и укинувањето на контрола на границите меѓу земјите од Западен Балкан, бидејќи тоа е од нејзин интерес. Затоа и ги затвора очите пред задушувањето на демократијата, како и на корупцијата и организираниот криминал во Србија, бидејќи и е поважно да го запре бранот бегалци надвор од нејзините граници, изјави Јеремиќ во соопштението на НС.

Тој процени дека српскиот претседател Александар Вучиќ нема да го потпише договорот со кој ќе се овозможи членство на Приштина во ОН, затоа што знае дека потпишувањето за него ќе има ефект сличен како оној што го имаше т.н. закон за верски слободи на Мило Ѓукановиќ, што го чинеше власт по скоро цели три децении суверено владеење со Црна Гора.

-Мислам дека тој нема да го стори тоа, бидејќи е премногу оптоварен со неговиот опстанок на власт. Но, тоа е можност со Западот да се започне разговор на поинаков начин. Да им се објасни дека ако независноста на Косово не ја потпише Вучиќ – човекот со најголема концентрација на моќ во рацете и најмалку морални скрупули од сите што некогаш владееле овде, тогаш никој никогаш нема да го стори тоа. И затоа треба да престанат да бараат подобар Вучиќ од Вучиќ, затоа што таков човек нема, заклучи Јеремиќ


извор: lider.com.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum