Јавноста со бурни реакции: Боите на бугарското знаме на евровизискиот спот на Македонија

Поради пандемијата со коронавирусот минатата година изборот за најдобра песна во Европа беше одложен, на кој требаше да не претставува струмичанецот Васил Гарванлиев со песната „You“.

Оваа година нашата држава на Евровизија во Ротердам, Холандија ќе ја претставува повторно тој, но со нова песна „Here i stnad“. Тој го промориваше и видеоспотот за песната. Откако го промовираше, во јавноста се појавија негативни реакции и критики.

Имено, во видеоспотот во позадина во еден од кадрите се појавуваат вертикално боите бела, зелена и црвена, односно поточно, боите на знамето на Бугарија. Единствена разлика е тоа што на бугарското знаме се вертикално поставени боите.

Поткрепувајќи се на фактот дека секоја песна и нејзин видеоспот кои се наменети за настап на Евровизија, треба да ја претставуваат државата од која што доаѓаат, односно видеоспотот да асоцира на некоја симболика на државата која што ја претставува, тоа во видеоспотот на песната која ќе ја претставува Македонија на Евровизија не е случај, напротив асоцира на симболики на наша соседна држава.



извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum