Јавниот долг на крај на годинава ќе стаса до 63,4 проценти од БДП


Јавниот долг годинава ќе надмине 63 проценти од БДП, а државниот на крајот на 2021 година ќе изнесува 53,2 отсто соопшти денеска министерот за финансии Фатмир Бесими откако образложи за процесот на издавање на осмата еврообврзница. Македонија позајми нови 700 милиони евра на пазарот, но нето задолжувањето, како што рече Бесими е 200 милиони евра, затоа што Владата ја враќа за неколку месеци издадената еврообврзница од 2014 година вредна 500 милиони евра. Со тие 200 милиони евра ќе се финансираат тековни потреби, најмногу здравствени потреби, вакцини и лекови, но и дел од пакетот за поддршка на економијата. Бесими е категоричен дека од следната година па се до 2025 година ќе следи период на консолидација на јавниот долг. На крајот на минатата година јавниот долг е 60,2 проценти од БДП на крај на декември.


Годинава државата треба да врати вкупно 605 милиони евра, сума во која влегува и еврообврзницата од 500 милиони евра. Другото е отплата на домашен долг и државни хартии од вредност.


„Остатокот од потребите ќе го надполниме со позајмување преку државни хартии од вредност. Со консолидацијата очекуваме јавниот долг да се врати во следните години под мастришките критериуми, одноно до 2025 година да изнесува 58,5 проценти, а државниот д абиде 51 процент, рече Бесими.


Инаку тој вели дека Македонија заштедила на камати со ова задолжување. Камата која се постигна вчера е 1,625 проценти, а за споредба еврообврзницата која се враќа е со доста повисока камата.




извор: faktor.mk



29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum