Јаулески: Ослободување од партиципација на сите студентите и вработување на 50 000 млади

Кандидатот за пратеник во Петтата изборна единица и Претседател на Унијата на млади сили, Јован Јаулески, на денешниот Livechat на ВМРО-ДПМНЕ, ги презентираше проектите од предизборната програма за млади, и Преодната стратегија, во кои има проекти за вработување на 50.000 млади луѓе до крајот на мандатот, неповратни средства, ослободување од данок на доход, ослободување од партиципација за студентите, покривање на трошоци за основно образование и многу други проекти за младите луѓе. Јаулески посочи неколку проекти од програмата на ВМРО-ДПМНЕ и тоа:

-За сите млади и останати кои работат во угостителството, Унијата на млади сили во соработка со експертскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ предвидува ослободување од придонеси на персонален на доход за вработување на млади лица до 29 години во периодот од септември 2020 година до крајот на 2021 година, со што силно ќе се мотивира приватниот сектор да вработува млади лица, на тој начин да ја спречиме младинската невработеност, која е најголема во Европа.

-Обезбедување на парични средства за невработени млади лица до 29 години коишто ја изгубиле работата во периодот на март месец до крајот на оваа година. Станува збор за неповратни средства кои се предвидени за сите млади луѓе кои ја изгубиле работата во овој период, вели тој.

-ВМРО-ДПМНЕ во програмата предвидува ослободување од партиципација на сите студенти во академската 2020/2021 година на сите редовни студенти, на државните универзитети, со што ќе се олесни студирањето и трошоците кои ги имаат студентите. -Се обврзуваме на целосно покривање на трошоците за основно образование, за ученици од прво до петто одделение, како и покривање на топлиот оброк, за да ги олесниме трошоците во семејните буџети.

-Едно од најголемите ветувања на ВМРО-ДПМНЕ е вработување на 50.000 млади луѓе до крајот на мандатот, со тоа намалување на процентот на младинска невработеност под 10 проценти.

Јаулески критикуваше дека младите се најмаргинализираната група од оваа власт, како и тоа дека имаме највисока младинска невработеност во Европа, двојно поголема од просечната, потенцираше дека во оваа криза има над 20.000 луѓе кои ги изгубиле работните места најголем дел од нив млади луѓе.

-Оваа власт ветуваше многу како што беше големата лага за Студентскиот град, ВМРО-ДПМНЕ останува најголем поддржувач на младите, се обврзуваме со програмата да го спречиме одливот на млади луѓе и да се намали младинската невработеност, да се подобри студентскиот стандард, вели тој.

Јаулески истакна дека Преодната стратегија е првиот чекор во справување со оваа криза, каде за младите ќе има издвоени голем број на проекти и мерки. Младинската платформата, ќе започне да се реализира штом ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, во истата е предвидено во случај на повторна пандемија се овозможува за студентите и учениците, целосно следење на образованите програми онлајн, со сите потребни материјали, приспособена на потребите за учење од дома.


извор: kurir.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum