ЈАУЛЕСКИ: Македонскиот народ е спремен за промени, следува "ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА"

ВМРО - ДПМНЕ на овие парламентарни избори ќе настапи со квалитетна и богата програма која ќе ги опфати сите граѓани во Република Македонија.

▪️Денес со кандидатот за пратеник Мирче Аџиоски, подетално разговаравме со нашите сограѓани од Струга и струшкиот регион за дел од нив.

ВМРО нуди проекти со кои Македонија ќе доживее ренесанса. Економско заздравување, значително подобрување на здравството, инфраструктурата, намалување на невработеноста но се става и голем акцент на младите, бидејќи токму тие се иднината на Македонија.

Овие проекти запишани во програмата ќе станат реалност, ВМРО - ДПМНЕ го прави тоа што го ветува и не остава само празно слово на хартија како нашите противници.


▪️Она што дополнително радува е заинтересираноста на народот. Иако е тешко време и Македонија се соочува со пандемија, нашиот народ е свесен за опасноста и строго почитувајќи ги мерките за заштита од коронавирусот ни приоѓа и ни ги кажува своите маки, проблеми, понижувања и лажни ветувања.

Македонскиот народ е спремен за промени, тој знае кој краде, а кој гради. Прво ќе го победиме коронавирусот и заевизмот, а потоа ќе си ја обновиме Македонија.🇲🇰


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum