Јани Бојаџи: Заев води седници со директорите на медиумите

Денешен гостин на утринскиот подкаст „Утро со Златев“ гостин беше режисерот и директор на Алфа телевизија, Јани Бојаџи.

Тој кажа доста интересни ставови. Овој систем не е воспоставен денес како што треба и ние мора да бидеме критични.


– Во последните три месеци Владата одржува состаноци со медиумите и големите телекомуникациски компании, како и кабловските опратори во Македонија. На овие состаноци претседава претседателот на Владата, Зоран Заев, вели Бојаџи.

– Ова е шокантно… Ние по ниеден основ не сме нормално општество, ниту пристојна држава. Факт е дека претседателот на Владата, на земја која е кандидат за членка на ЕУ, држи оналјн состаноци со директори на национални телевизии и најголемите телекомуникациски компании и директори на кабловски оператори со цел да направи реформи во медиумите, заклучи Бојаџи за Радио Лидер.

На крајот тој искоментира дека Власта сака да се послужи со систем кој ќе ги контролира медиумите веќе години наназад.



извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum