Јакимовски и Вашингтон им се вратија на победите

Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски и Вашингтон им се вратија на победите во НЦАА Лигата во САД. Тие ноќеска го совладаа тимот на Калифорнија со 71:60. Ова беше осма победа за тимот на Вашингтон, со која се искачија на 2. место во Пацифик 12. Јакимовски мина на паркетот 31 минута, во кои имаше серија на промашувања за два и три поени, а реализираше само две слободни фрлања, и мечот го заврши со 2 поени. Притоа забележа две асистенции и шест скока.



извор: vecer.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum