Јагода Шахпанска отвори изградена градинка во Новаци од ВМРО ДПМНЕ пред 4 години




После четири година владеење на СДСМ се уште се отвараат проекти отпочнати и завршени од страна на ВМРО ДПМНЕ


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вчера присуствуваше на отворање на детската градинка „Бамби“ во Општина Новаци. Таа заедно со Градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски ја отвори детската градинка и за истата пред граѓаните на Општина Новаци информираа дека е исполнување на изборното ветување на оваа Влада, а кое е вградено во владината програма.

Ставањето во употреба на детската градинка „Бамби“ во Општина Новаци е уште еден доказ дека СДСМ во пресрет на престојните локални избори во недостиг на проекти се фали со проекти на ВМРО ДПМНЕ. Имено, детската градинка „Бамби“ во Општина Новаци е проект на претходната власт предводена од страна на ВМРО ДПМНЕ, кој е отпочнат и реализиран пред четири години, пред доаѓањето на СДСМ на власт.

Детската градинка „Бамби“ поради неспособноста на актуелната власт и политичкиот популизам на СДСМ не беше ставена во употреба изминативе четири години со што педесетина дечиња беа спречени да ги користат капацитетите на оваа детска градинка. СДСМ чекаше четири години да ја стави во употреба детската градинка само за да обезбеди политички поени и да ја стави во употреба истата во текот на изборната година кога се изборите за локалната власт.

Единствено нешто што СДСМ „направи“ за граѓаните на Општина Новаци е тоа што наместо да обезбеди законит и транспарентен начин на вработување, во детската градинката вработи партиски кадар од локалните партиски структури. Четири години владеење на СДСМ, четири години лаги на СДСМ, неспособност и безидејност.

И по четиригодишното владеење на СДСМ единствена светла точка за народот се проектите кои ги отпочна и реализира претходната Влада предводена од страна на ВМРО ДПМНЕ. Доста е, време е за промени.


Комисија за труд, социјална политика, демографија и родови прашања при ВМРО ДПМНЕ!


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum