Изненадувачка вест од Србија: Просинечки ќе ја води Македонија на ЕП

Роберт Просинечки ќе биде именуван за нов селектор на македонската репрезентација, неофицијално дознава српскиот весник „Курир“. Оваа вест од нашето соседство е големо изненадување, бидејќи не се шпекулира со други имиња, додека не се разјасни иднината на селекторот кој го оствари големиот успех, Игор Ангеловски.

По пласманот на Европското првенство и најголемиот успех во својата историја, Македонија се наоѓа пред голема одлука. Договорот на Ангеловски истекува за неколку дена и се очекува средба на која ќе се разговара за продолжување на соработката. Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија изјави дека по новогодишните празници ќе седне на заедничка маса со Ангеловски и архитектот на големиот успех е прва опција за нашата клупа.

„Младиот тренер Игор Ангеловски ги доведе до овој историски успех, па затоа и оваа одлука е малку изненадувачка. Од друга страна, Просинечки е без работа откако на крајот на ноември доби отказ во турски Денизлиспор по серија лоши резултати, а сето тоа кулминираше со поразот во Купот на Турција од третолигашот Тургутлуспор“, пишува Курир.

Хрватската легенда беше помошник на Славен Билиќ во репрезентацијата на Хрватска, селектор на Азербејџан и БиХ, тренер на Црвена Звезда и Денизлиспор.


Првите активности во 2021 година Македонија ќе ги има во март, кога почнуваат квалификациите за Светското првенство во Катар во 2021 година.


извор: gol.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum