Истражување: Лек за ревматоиден артритис помага на тешко болни од Ковид-19

Лекот за ревматоиден артритис Тоцилизумаб кој се продава и под името Актемра лекува сериозно заболени луѓе кои страдаат од Ковид-19, покажува истражувањето на научниците од Велика Британија и Холандија, јави Би-Би-Си.


Научници наведуваат дека ова е „апсолутно неверојатен резултат”, а лекот веќе не се ни тестира бидејќи тие се толку сигурни во неговата ефикасност. Сепак, прецизниот ефект врз преживувањето на пациентот по употребата на лекот уште се испитува.

Други експерти изјавија дека треба да се внимава се додека не се добијат целосни податоци.


Тоцилизумаб влијае на имунолошкиот систем, кој кај некои пациенти заразени со коронавирус реагира прекумерно, и таквата реакција, позната и како цитокинска бура, може да биде фатална.


Истражувањето беше насочено кон сериозно болни пациенти кои требаше да се стават на апарати за дишење.


Испитувањето на лекот беше запрено пред два дена откако независни набљудувачи рекоа дека има многу докази, од првите 303 пациенти, кои покажуваат дека лекот е ефикасен.

Сепак, толкувањето на податоците е исклучително сложено, според Би-Би-Си.


извор: slobodenpecat.mk

83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum