Инжинерот Марјан Николовски создаде софтвер за претворање во говор на пишаниот Македонски Јазик!

Софтверскиот инжинер Марјан Николовски направи врвен технолошки пробив од огромна важност и значење за Македонија со прв софтвер од ваков вид со кој пишаниот текст на Македонски јазик автоматски се претвора во говор. Софтверот е готов и може веднаш да се користи на страницата https://maika.mk/ а најавата на МАИКА софтверот на Марјан Николовски на Linkedin ја пренесуваме во целост подолу.


Денес сакам да го објавам нашиот најнов производ „МАИКА“, кој ми е посебно при срце поради вредноста која ја носи за нашата земја.


Софтверот „МАИКА“ е бесплатна алатка којашто претвора текст на македонски јазик во говор. „МАИКА“ е следниот логичен исчекор што ќе придонесе кон збогатување на алатките и инфраструктурата на македонскиот јазик.


Би сакал да му се заблагодарам на тимот, соработниците, пријателите и семејството за несебичната поддршка која помогна да го реализираме проектот.

Ви посакувам убав ден! Срдечен поздрав, Марјан.

извор: kolozeg.info

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum