Инстаграм ја користи камерата и кога корисниците не фотографираат?

Една од функциите на оперативниот систем iOS 14 за кои најмногу се зборува е увидот во активностите на апликациите и податоците кои тие ги користат. Така, на пример, некои корисници забележале зелен симбол кој означува дека камерата е вклучена додека прегледуваат на „Инстаграм“, дури и кога не фотографираат и снимаат.


Неименуван портпарол на „Инстаграм“ изјавил дека станува збор за баг и дека ќе се потрудат што е можно поскоро да го поправат. Како што истакнал тој, во апликацијата има посебен „Create Mode“, кој се активира преку камерата, па тоа можело да го активира и индикаторот на камерата. Исто така, пристапот можел да се случи и при обично прегледување на почетната страница.


- Ние пристапуваме до камерата само кога имаме дозвола - на пример, кога сте на почетната и притиснете за да ја вклучите камерата. Видовме дека станува збор за баг кај оперативниот систем iOS 14, каде е препознаена активност на камерата, а таа е исклучена. Не пристапуваме до вашите камери и не снимаме ништо - рекол неименуваниот портпарол.

Се чини дека станува збор за уште една агресивна мерка со која iOS 14 сака да застане на патот на нарушувањето на приватноста и да ги заштити корисниците.


Покрај тоа што открива кога некоја апликација ја користи камерата, оперативниот систем дава увид и во некои други активности на апликациите, како што е прегледување на clipboard (виртуелно место каде што се наоѓа текстот при активност на копирање), каде неодамна беше „фатен“ и „ТикТок“.


Извор: B92



извор: fakulteti.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum