ИНФОМАКС: Српските бeзбеднocни cлyжби за ФАНТОМ фирмата и пpoвизиите за кинеските вaкцини -ДОКУМЕНТИ



Македонија денес ја тресе нов скандал, поврзан со набавката на вакцини. Бројката на починати во државата секојдневно расте, а кревети има се помалку за оние заболени од Ковид 19 на кои им е најпотребна болничка нега.


Новиот текст на Ла Верита посветен на набавката на кинески вакцини ја шокираше македонската јавност, имајќи во предвид дека се по извесно е дека некој се обидел да заработи среде пандемија на сметка на човечки животи.


Според италијанскиот весник авансот бил вратен поради тоа што македонската фирма задолжена за набавката се обидела набавката да ја посредува фантом фирма со седиште во Хонг Конг, која е наведена исто така во сите официјални писма на министерот.

Фактот што приватна фирма, која според првични анализи нема стабилни темели била вклучена од страна на македонската влада во посредувањето, создал сомнеж кај официјален Пекинг дека можеби се наоѓаат пред обид за измама, и тоа донело до поништување на процедурата.


Инфомакс открива дека податоците кои Ла Верита денес ги објави се дадени од српските разузнавачки служби поточно БИА која има одлична соработка со службите на НР Кина.

Oткако Кинезите ја разбиле шемата тие ги брифирале своите српски колеги поради фактот што во сопственичката структура на посредничката фирма од Македонија имало и странски државјани кои се предмет на интерес на БИА па така „шемата“ со провизиите помина неславно.


Информацијата пак од БИА стигнала до италијанските новинари.

Имено македонската комапнија која била задолжена за набавката на вакцините на Синофарм oд страна на министерството за здравство, ЕДИЦ Фарм АС е формирана во 2020 година на 29.04 во екот на пандемијата на коронавирусот со влог од 310 илјади денари.

Фирмата е во сопственост на српски државјанин Александар Михаиловиќ oд Белград, Драган Новаковиќ исто така српски државјанин и Драган Петровски и Јован Ѓорѓиоски македонски државјани.


Се поставува прашањето зошто ако не за провизии, за посредник при ваква сериозна набавка на вакцини во време кога тие се повредни од злато се дава на фирма која постои неполни година дена.

Според нашите сознанија оваа македонска фирма со српски капитал за посредник во набавката на вакцини ја одбрала фантом фирмата од Хонг Конг која го вклучила алармот кај кинеските власти кои поради српските државјани во сопственичката структура ја информирале БИА.


Гореспоменатите српски државјани се интересни и се следени од српските служби поради сомневања за сериозен криминал.


Да не заборавиме дека ова не е изолиран случај па така Компанијата „АХР ЛАБ увоз – извоз ДООЕЛ“, доби тендер од 35 милиони евра за набавка на апарати и реагенси за испитување на крв иако постоеше само 4 месеци и имаше 27 годишен сопственик од Србија.

Очигледно српската жица е добитна кога станува збор за тендери во здравството.



извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum