Инфомакс: Член од семејство на испекторката Мери одгледувал марихуана – ОЈО ја отфрлило кривичната

Член на потесното семејство на испекторката Мери Проја одгледувал марихуана – ОЈО ја отфрлило кривичната пријава поднесена од МВР, пишува Инфомакс


Според порталот на почетокот на 2018 година од страна на полицијата до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава за производство на марихуана против член од потесното семејство на Мери Проја Продановска, раководител на одделението за инспекциски надзор – Скопје при Државниот пазарен инспекторат која во јавноста стана позната по тоа што држеше вонредна прес конференција затоа што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ седел во кафеана.


Според неофицијални информации, полициски службеници во 2017 година во дворот од викенд куќата во Маркова Сушица сопственост на родителите на Мери Проја Продановска поточно во фолијата каде одгледувале зеленчук пронашле 15 стебла од растение од растителниот род Cannabis, по што од страна на полицијата до ОЈО била поднесена кривична за пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.


Но, иако целиот настан бил расчистен и соодветно документиран, од непознати причини истата кривична пријава од страна на ОЈО Скопје во август 2018 година била отфрлена.


Целата вест на Инфомакс vecer.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum