ИНФЕКТОЛОГОТ ВЕЛО МАРКОВСКИ, НОВ ЧЛЕН НА ИК НА ВМРО-ДПМНЕ


Игор Јанушев, еден од најблиските соработници на Христијан Мицкоски повеќе нема да биде генерален Секретар на партијата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека Јанушев се повелкува од лични причини. Сепак, Јанушев останува член на ИК.Во новиот извршен Комитет коишто Мицкоски го промовираше најголемо изнендадување е инфектологот Вело Марковски.


Во највисокото партиско тело делува Гордна Димитриевска-Кочовска, Стефан Андонов, Рашела Мизрахи, Драган Ковачки, Марија Андоновска, а меѓу повратниците се и Антонио Милошоски и Владимир Ѓорчев, но не и Илија Димовски.


Александар Николовски и Владо Мисајловски остануваат во ИК како и Коце Терајановски, Трајко Славевски и Дафина Стојановска, како и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието Никола Мицевски.


извор: 24.mk


83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum