Инцидент на изрекувањето на пресудата на Мијалков: Службеник од УБК пробал да влезе со нож во судниц

„Командир на Судска Полиција од Основен суд Скопје-1 пријавил дека во 09.40 часот во судот при рутински преглед кај В.В.(43) од Велес бил пронајден и одземен нож на расклопување. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 80 од Законот за оружје“, соопштија од МВР. Стануца збор за осудениот Владимир Варелов на рочиштето на кој му е изречена пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“ а се обидел да внесе нож во судница.

Според Законот за оружје, Варелов може да биде парично казнет од 30.000 до 50.000 денари за носењето на ножот, но и со казна затвор до 90 дена. Исходот од постапката не е познат.

Инаку, Варелов е еден од службениците во УБК кој е осуден за масовното прислушување од 2008 до 2015 година. Тој доби условна казна, односно 2 години затвор ако во наредните пет години направи ново кривично дело.


извор: slobodenpecat.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum