Имри Елези од УЧК ќе добие улица во Скопје



Имри Елези, припадник на Ослободителната национална армија (ОНА) убиен од македонските безбедносни сили во воениот конфликт во 2001 година, ќе добие улица во Скопје!


Претставен како „хуманист и патриот“, тој е 188. на листата на Град Скопје од 571 ново име за улиците на главниот град на Македонија.


„Имри Елези е член на терористичката група УЧК, која во 2001 водеше битки со македонската полиција и војска. Борец во славната битка на Кошаре 1999 година, борец во областа Карадак 2001 година. Во текот на 1980-тите Енвер Елези, братот на Имри, беше убиен со рафално пукање од калашникови за време на тогашната воена служба во ЈНА.

Името Имри Елези е синоним за битката кај Матејче, каде јуначки се бореше со славомакедонските сили, каде што исто така беше мачен за време на една акција.

Денес, со ова име се фали Дижон, се фали Чаир, Скопје и целата нација. Паднат херој за нацијата – Комесар ИМРИ ЕЛЕЗИ“, се вели за „херојот и патриот“ во медиумска статија на албански јазик.


Елези во 2001 година бил убиен во престрелка со македонските безбедносни сили, по што во рамките на ОНА беше формирана посебна единица со неговото име, а во која, според информациите на полицијата, членувале муџахедини од странски држави што војувале на страната на ОНА.


По неговото име е прекрстено основното училиште „Никола Вапцаров“ во скопската општина Чаир.



извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum