Им ги зголемил платите на работниците како неговата, сега открива како го напаѓаат

Пред четири години целиот свет го следеше потегот на Дан Прајс, претприемач и сопственик на компанија со седиште во Сиетл, кој си ја намали платата од 1 милион долари годишно на 70 000 за да може да им исплаќа и на вработените по 70 000 долари.

Дан, сопственик на компанијата за финансиски услуги „Гравити плајмс“, неодамна се појави на социјалните мрежи и ги откри последиците од таа одлука.


„Кога воведов минимална плата од 70.000 долари годишно во мојата компанија во 2015 година, Раш Лимбог рече:„ Се надевам дека оваа компанија ќе стане предмет на настава во МБА програмите за тоа како социјализмот не делува затоа што нема да успее “. Нашата фирма оттогаш се зголеми тројно, а денес сме предмет на студии на Харвард “, напиша Прајс.

"Откога воведовме минимална плата од 70.000 долари годишно во 2015 година, нашиот бизнис е зголемен за трипати, а бројот на вработени кои поседуваат свој дом се зголеми за десет пати. Седумдесет проценти од вработените ги исплатија своите долгови. Бројот на деца на вработените се зголеми за десет пати. Заминувањата на вработените се преполовија. Дури 76 проценти од вработените се поангажирани, двојно повеќе од националниот просек “, напиша тој.


Неколку дена подоцна тој повторно се појави: "Многу луѓе тврдат дека ова е доказ дека капитализмот и слободниот пазар се ефикасни. Не се согласувам. Луѓето ме посочуваат како новина. Се издвојувам со причина, никој не ме следеше во ова, добродушните директори се рецепт за експлоатација на вработените“.

"Бидејќи ја воведував таа плата ,секој ден добивам лути пораки од луѓе кои тврдат дека работниците не ја заслужуваат таа плата. Жалосно е што сме воспитани за да ги понижуваме другите, наместо да го доведуваме во прашање системот што нè понижува", напиша тој.

Во февруари, тој изјави за Би-Би-Си: "Луѓето гладуваат, ги отпуштаат или ги експлоатираат, така што некој може да има пентхаус на врвот на зградата во Њујорк со златни столчиња. Ние цело време ја величаме алчноста како општество, во нашата култура. И, знаете, Рангирањето на Форбс е најлошиот пример: „Бил Гејтс го надмина Џеф Безос како најбогат човек. Кој се грижи за тоа !?"






kanal5.com.mk



29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum