Илон Маск: „Шведска беше во право“ и прикачи слика со податоци од Ковид-19

Сите пишуваме за Шведска уште од почетокот на април. Во времето кога остатокот од светот беше во целосен карантин, малата скандинавска земја беше единствената што ги држеше отворени сите свои продавници, училишта и економија. Наместо да го следат кинескиот пристап на блокада, шведските здравствени власти презедоа соодветни безбедносни мерки за да го зачуваат здравјето на своите жители.


Исто како и Шведска, сега група научници и лекари предводени од Сунетра Гупта од Универзитетот во Оксфорд, Џеј Батакарија од Универзитетот Стенфорд и Мартин Кулдорф од Универзитетот Харвард ги повикуваат владите низ целиот свет да ги прекинат „разорните“ карантини. Оваа недела, групата го напиша предлогот наречен „Грејтбарингтонска декларација“. Стратегијата предложена во „Грејтбарингтонска декларација“ може да се најде во писмо потпишано од меѓународна група научници, кои даваат идеи за борба против пандемијата.


Сепак, се чини дека предлогот на „Грејтбарингтонска декларација“ е блокирана на Гугл. Во еден твит, британскиот коментатор Тоби Јанг вели:

„Гуглајте ја ‘Грејтбарингтонска декларација’. Не се појавува. Таа е блокирана. Дискусијата за неа е цензурирана и од Редит. Таа не е теорија на заговор, не е дезинформација, не е дел од ‘инфодемијата’. Големите технолошки компании едноставно ги цензурираат неистомислениците“.


Како одговор на твитот на Јанг, Илон Маск одговори велејќи: „Шведска беше во право“ и прикачи слика со податоци за смртноста од ковид во земјата.

„Грејтбарингтонската декларација“ е предлог, напишан и потпишан во Американскиот институт за економски истражувања во Грејт Барингтон, Масачусетс, на 4 октомври 2020 година, кој се однесува на борбата со епидемијата на ковид-19.



извор: mkd.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum