И на Наумче Мојсовски му лепи рачето !?

Вчера во Струга беше Зоран Заев. Па покрај небулозите што ги кажа, а што ги кажуваше и пред 3 години, друго ништо суштински и конкретно не слушнавме.

Но, она што сакаме да го прашаме Зоран Заев е тоа дали го праша Наумче Мојсовски до каде се платите на ракометарите на РК Струга, кои се доцнат од месец Ноември 2019 година ?

Имено, претседателот на РК Струга, воедно и претседател на комисијата за спорт на СДСМ, поранешен ракометен репрезентативец на Република Македонија, Наумче Мојсовски, должи плати и премии на ракометарите на РК Струга уште од Ноември 2019та година. Додека пак, стручниот штаб, многу веројатно е, да немале земено плата уште од Септември.

Она што не наведува да мислиме дека целата оваа ситуација е криминогена е фактот што РК Струга, од агенцијата за Спорт и Млади доби ваучер од 95.000 евра. Па оттука се поставува уште едно потпрашање, на што Наумче Мојсовски ги потроши парите, што е според Наумче Мојсовски приоритет број 1, а тоа да не се ракометарите кои треба дома на своите фамилии и деца да им однесат леб на нивните трпези.

Тие 95.000 евра, како и многу други илјади евра, во најблаго речено речена форма, се украдени. Тие пари се украдени од младите спортисти, од Општинската каса, украдени се од агенцијата за Млади и Спорт, украдени се од народот.

Ако првиот човек на спортската комисија на СДСМ, Нумче Мојсовски, се однесува вака кон своите ракометари, тогаш тоа е доволен доказ за тоа колку на СДСМ им е грижа за спортистите и нивните животи, посветеност, талентот, просперитетот итн. Каква стратегија во спортот треба да очекуваме од Заеви ? И тука со рекет и со поткупување, со лаги кои траат со месеци ? Никако, тоа води во амбис, во лоши резултати, во лоша состојба во професионалниот спорт.

На 15ти Јули гласам против СДСМ, против Наумче Мојсоски кој кради од џебовите на спортистите, гласам против СДСМ со надеж дека никогаш повеќе мена да се вратат на власт.


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum