ГРУПА НА ЕП: Македонија закажа дуели со Холандија, Украина и Австрија!

Македонската репрезентација со минимален резултат победи на гостувањето кај Грузија и се пласира на првото историско Европско првенство наредната година.

Горан Пандев на 37 години си го оствари својот, но и сонот на оваа талентирана генерација. Познати се и противниците на нашата селекција, која на континенталниот собир ќе се надигрува со Холандија, Украина и Австрија.

ГРУПА Ц:

  • МАКЕДОНИЈА

  • Холандија

  • Австрија

  • Украина

Првиот натпревар ќе го одиграме на 13 јуни со Австријците, потоа за четири дена ќе се сретнеме со Украина, а за крај ќе ги одмериме силите со Холандија, која е голем фаворит во нашата група. 


извор: gol.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum