Гpyевски бил во право: Ce пpиcлyшyвaлo и oд cтaн вo згpaдaта „Пapламeнтapкa“ надвop oд кpyгот нa МBР

Обвинителот Трајче Пеливанов во завршниот збор за случајот „Таргет и Тврдина“, потсети и дека освен од просториите на УБК, се прислушувало и надвор од кругот на МВР.


Како тајна локација обвинителот посочи стан во зградата позната како „Парламентарка“, кај новата Железничка.


-Еден од компјутерите од станот бил во континуирана криптирана комуникација со тој од оперативната техника во УБК. Таму пристигале материјалите, односно се изработувале транскриптите, истакна обвинителот Пеливанов.


Според обвинителството, незаконското прислушување се одвивало во УБК, и тоа преку три системи за следење на комуникациите. Незаконски биле следени 4 286 телефонски броја, за кои воопшто не биле издадени судски наредби.


Претходно обвинителите во детали раскажаа како било откриено нелегалното прислушување.


Во текот на 2010 година Ѓорѓи Лазаревски, вработен во УБК, дознава за нелегалното прислушување и разговара за овие сознанија со колегата Звонко Костовски, кој прифаќа да изнесе дел од материјалите. Лазаревски, пак, прави софтверско решение за читање и групирање на податоците (СМС-пораки и аудиоразговори), бидејќи тие се нечитливи без соодветен софтвер.


На крајот на 2010 година се вади првото ДВД од УБК. На него има СМС-пораки од Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и други лица. Податоците завршуваат кај поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски.



Извор: Фокус infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum