Гpyeвска-Маџocка: Какви глупocти се прават во образованието, па основците во Финска учат историја

Учениците во основните училишта во Финска предметот Историја го учат како посебен предмет, укажа денеска Симона Груевска – Маџоска од Институтот за македонски јазик како реакција на најавите дека македонските основци веќе нема да ја учат како посебен. Груевска-Маџовска посебно реагира на денешното тврдење на министерката за образование Мила Царовска дека претопувањето на предметот Историја во предметот Општествени науки е правено според образовниот модел на Финска.

Професорката на Фејсбук сподели линк на кој може да се види списокот на предметите кои ги изучуваат учениците во основните училишта во оваа скандинавска земја.

Список на предмети за основно образование во Финска, сосе посебен предмет историја. Колку да се види какви глупости се продолжуваат да се прават со образованието. Изгледа они се глупавите, напиша во објавата Груевска-Маџовска.

Кога ќе се отвори линкот се добива можност да се видат образовните програми за учениците во земјите-членки на Европската унија. Така, за Финска се наведува дека тамошниот Закон за основно образование ги регулира предметите вклучени во наставната програма. Наставната програма за основно образование ги вклучува следниве предмети заеднички за сите ученици: мајчин јазик и литература (фински или шведски), втор национален јазик (шведски или фински), странски јазици, студии за животна средина, здравствено образование, религија или етика, историја, социјални студии, математика, физика, хемија, биологија, географија, физичка едукација, музика, визуелни уметности, занаети, домашна економија, советување за водење Покрај тоа, се изучуваат и изборни предмети.


извор: lider.com.mk



29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum