Груби: Словенци заинтересирани за Македонска пошта

Вицепремиерот Артан Груби во вчерашното гостување на ТВ 24 одговори потврдно на прашањето дали Словенци се заинтересирани за купување на Македонска пошта.

Тој рече дека во наредниот период СДСМ ќе раководи со Македонска пошта и дека се надева ќе се изнајде најдобро решение и дека ќе има добра понуда.


За приватизирањето на Македонска пошта вчера реагираше опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, кои велат дека тоа е продажба на државна сопственост, а со тоа СДСМ купува социјален мир.


–Последна во низата најави е продажбата на Македонски пошти. И сега мафијата на власт најлесно им е да направат некој нов бонбона бизнис, да продадат државна сопственост и така да купат уште некој месец социјален мир. Во овие 4 години власт ништо не изградија, ниту еден посериозен инвеститор не донесоа, ама први се да направат некоја распродажба. Во оваа линија им е и намерата да го распродадат целокупното државно земјиште, која ја објави Зоран Заев и на тој начин да ја заокружат идејата за упропастување на Македонија- реагираа вчера од ВМРО-ДПМНЕ.


На прашањето дали има опасност за македонскиот јазик, вицепремиерот Груби одговори дека според тоа што го знае нема никаков ризик.


– Нема никаква опасност и по македонскиот јазик и по македонскиот народ и по македонскиот етникум и по нашата заедничка држава и сметам дека Бугарија е и ќе остане нашиот најголем поддржувач на нашиот пат кон ЕУ. Треба да најдеме заеднички јазик и сите тие моменти коишто ни се заеднички во историјата заеднички да ги прославуваме и заеднички да ги одбележуваме. Нема ништо лошо во тоа, има многу светски личности коишто се слават и коишто се одбележуваат во повеќе држави, дури и во светски размери, така што и историските личности коишто не зближуваат како две држави мислам дека има простор да ги одбележуваме и заеднички да ги славиме, изјави Груби.


извор: makedonskivesnik.com

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum