ГРУБИ: Секој ден ми се јавуваат за вакцини. Денес ми се јавија од Германија да ми понудат 5 милиони

Секој ден ми се јавуваат луѓе за вакцини, денеска ми се јавија од Германија да ми понудат 5 милиони вакцини, изјави вечерва првиот вицепремиер Артан Груби во дебатниот магазин Клик плус на ТВ21.


– Секој ден ми се јавуваат луѓе за вакцини. Денес ми се јавија од Германија да ми понудат 5 милиони вакцини. Се јавуваат и од други земји. Сум имал контакти со доста луѓе. Ова станува трговија веќе, што не е добро. Јас не верувам во нарачки надвор од официјалните процедури. Ова е глобална пандемија. Затоа, да почекаме уште малку и вакцини ќе има, рече Груби.


Тој посочи дека денеска се слушнал со министерот за здравство Венко Филипче кој го информирал дека на почетокот на април ќе пристигнат вакцини.


– Денес се слушнав со министерот Филипче и ми кажа дека почетокот на месец април ќе пристигнат 800.000 вакцини од Ковакс системот, и 200.000 од Кина наредните денови. Со компанијата Фајзер сме во постојана комуникација, а во процедура сме и со Спутник. Има директни контакти, изјави Груби.


Така продолжува „вакцинацијата“ во Македонија: со ветување милиони вакцини, кои ако не стигнат до крајот на овој месец, ќе стигнат на почетокот на идниот… на крајот од идниот… И тоа го слушаме веќе со месеци. А Македонија е на светското дно според бројот на вакцинирани лица.



извор: denesen.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum