Груби не ја познава жената која го искрши неговото службено возило

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, за 360° потврди дека денеска пред Собранието било искршено предното ветробранско стакло на неговиот службен автомобил.


-Возилото е искршено од страна на В.Ј. (38 години), пред главниот влез на Собранието додека јас бев на пленарна седница за Законот за распределување на административците од К5 Програмата. Не сме повремени ниту јас ниту некој од мојата придружба. Не ја познавам личноста, ниту ги знам причините за нападот и очекувам МВР да го разјасни случајот – вели Груби.


извор: fokus.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum