ГРЦИЈА ПОТВРДИ: Добредојде за српските туристи, нема транзит преку Македонија

Србија е меѓу 15-тте земји од каде е дозволен влез на туристи во Грција од средина на месецов. Истиот ден треба да биде повторно воспоставен и авионскиот сообраќај меѓу двете земји.


Овие информации се потврдени по разговорот меѓу српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ и амасадорот на Грција во Белград, Јоргос Дијакотофакис.


Дополнително српското МНР информира дека министерот Дачиќ на 12.јуни ќе претстојува во официјална посета на Атина, каде што со неговиот колега, Никос Дендиас, ќе разговбараат за најважните прашања кои се однесуваат на двете земји, како и за актуелните теми на планот за надминување на последиците од пандемијата на коронавирусот.


Инаку, во првичната листа од 29 земји која ја направи Грција, и од каде е дозволен влез на туристи, беше и нашата држава.


Епидемиолозите во земјава велат дека ситуацијата сега е променета заради огромниот број на новозаразени, па не сме веќе безбедна земја за останатите, но потенцираат дека состојбата може да се промени, и дека листите исто така се менуваат, но повторно потенцираат дека тоа ќе зависи од епидемиолошката слика на државата.


Во меѓувреме, бугарското министерство за здравство, исто така поради зголементот број на позитивни праѓани на Ковид-19, даде препорака сите граѓани на Македонија, при влез во Бугарија да останат во 14-дневен задолжителен карантин.

извор: dokazmakedonija.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum