ГРАНИЧНА РАМПА: За граѓани од Македонија забранет влез во Германија најмалку до 31 август

Германија планира да ја продолжи забраната за пристигнување на граѓани од земји кои не се членки на Европската унија до 31 август, изјавиле неименувани извори од германската влада.


Како што објавува Ројтерс, кабинетот на германската влада се очекува да ја донесе таа одлука утре.


Германија е подготвена да ја укине забраната за патување за земјите членки на ЕУ и Велика Британија, Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија од 15 јуни, освен ако не постои забрана за влез во тие земји и обемни рестриктивни мерки.

Ова ќе значи дека граѓаните на Македонија, дури и откако ќе бидат отворени нашите граници, нема да може да патуваат во Германија во скоро време.

извор: denesen.mk

83425208_113292373554260_678017133495032
29060043_2016680208590936_36926234558838

© 2020 Аналитикум / Analitikum