Граѓаните одбиваат да учествуваат во избирачките одбори

Изборите веќе се договорени за 15ти Јули. Владата се обврза на спроведување избори под посебни протоколи со цел заштита на здравјето на луѓето. Но она што доаѓа од теренот е сосема друга приказна.


Недовербата кај народот, од тоа како ќе бидат спроведени изборите во рамките на протоколите за заштита на здравјето е се поголема, а за тоа ни доаѓа и потврда од страна на членови на избирачките одбори кои секојдневно до општинските изборни комисии доставуваат барања за изземање од избирачките одбори поради страв од Ковид 19.


Тоа од ново го поставува прашањето, дали 15ти Јули е идеален датум за избори, или сепак требаше да се почека барем до Септември?


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum