„ГPAЏАНКАТА МИЛA“: Знaeме зошто ја ykинyвaтe Истopиjaта, за да му напpaвите ќeф на Велeпpeдавникот

Не стивнуваат реакциите на јавноста по веста дека со предвидените измени од страна на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, се укинува предметот Историја.


Македонскиот народ го претвораат во зомби човек – остри реакции за маргинализирањето на историјата во образовниот процес


Знаеме зошто ја укинувате историјата како предмет, за да му направите ќеф на Велепредавникот кој ве води и на Бугарите, ѝ порача актерот Сашо Тасевски на министерката Мила Царовска.


ГраЏанке Мила, мислиш многу си паметна и дека далеку ќе стигнеш со твоиве имбецилни одлуки.

Знаеме зошто ја укинувате историјата како предмет, за да му направите ќеф на Велепредавникот кој ве води и на Бугарите. Да го збришете полека минатото од главите на наредните генерации.

Ако си го читала Орвел, ГраЏанке Мила, а не верувам, треба да знаеш дека оној кој нема контрола на минатото и не го знае, нема ни иднина. Народ кој не ја познава својата историја, осуден е да ги повторува нејзините грешки.

Уништивте се што може да се уништи, кое е поврзано со македонската националната свест. ГраЏанке Мила зошто толку многу ви се гади од сопствениот народ?

Зошто толку ги мразите Македонците и нивните традиции и историја?

Ги уништувате ќутенката не само образованието туку и моралот. Мислите сте недопирливи? Само напред, ќе дојде време ќе ликуваме над вашата пропаст, која ја заслуживте. Не очекувајте сомилост од никој. Милоста и простувањето се христијански особини, ама за вас простување нема, оти сте ѓаволи. Таква омраза да имаш кон својот народ е и тоа како ѓаволски, вели Тасевски.


извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum