Градоначалникот Рамиз Мерко потрошил 27 500 евра за ручеци и пијачки

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од општинскиот буџет лани потрошил 27.500 евра за репрезентации, односно за јадење и пиење по ресторани.

Како што објави ТВ Алсат, во изминатите три години, односно за 2018, 2019 и 2020 таа сума изнесува скоро 78.000 евра. Парите се трошени од програмата „Градоначалник – за расходи и репрезентација“.

– Лани во услови кога имавме вонредна состојба, кога угостителските објекти работеа со рестрикции, се потрошени 27.000 евра. На тој начин се злоупотребени парите на граѓаните… На последната седница градоначалникот не го негираше фактот дека тие пари се потрошени за репрезентација, вели Ален Деребан, советник од ВМРО ДПМНЕ. Реакција има и од Алијанса на Албаците:

-Каде и кога јадевте ручеци и вечери кога знаеме дека од 11 март бевме во изолација? Долго време рестораните беа затворени, кога повеќе од 4 лица сè уште не можат да се соберат и да јадат во ресторан? Каде потрошивте 27.500 евра за репрезентација?, прашува Рајмонда Мамуди, општински советник од партијата Алијанса на Албанците.



извор: denesen.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum