Градоначалникот на Куманово бара Георгиевски да му се извини на народот, а Обвинителството да отвори



Градоначалникот на Куманово бара Георгиевски да му се извини на народот, а Обвинителството да отвори истрага

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски оцени дека ваквиот предлог е срамен и понижувачки за Македонија и македонскиот народ. Тој го повика Георгиевски да му се извини на македонскиот народ, а јавното обвинителство да отвори случај. „Акцискиот план кој што вечерва го предложи поранешниот Премиер Љупчо Георгиевски е срамен и понижувачки за Македонија и Македонскиот народ. Овие ставови директно ги разнебитуваат нашите Македонски корени, ги поткопуваат столбовите на постоењето на Македонската држава, историја, јазик, идентитет и култура со конечна цел декодифицирање на македонизмот.

Доколку кај поранешниот премиер постои малку доблест и свест под итно треба да го врати Македонското државјанство и да се извини на целиот Македонски народ.

– Го повикувам јавното обвинителство екс официо да отвори случај, спроведе истрага и доколку утвртди одговорност за ваквиот предлог кој е противуставен да поднесе кривична пријава за дело против државата и поткопување и уривање на уставниот поредок.

– Јас сум еден од многуте граѓани во државата кој секогаш и секаде бескомпромисно ќе се спротивстави на ваквите утопистички ставови.

Во оваа прилика ќе потсетам на зборовите на Гоце Делчев: Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како Македонскиот“, пишува Димитриевски.


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum