Градоначалникот на Крушево истепал момче и му се заканувал: Ропак еден цела фамилија ќе ти ја сотрам

Градоначалникот на Крушево, Томе Христовски нападнал граѓанин на Крушево за тоа на социјалните медиуми за кратко време има лавина од реакции.


Драги мои пријатели денес е нападнат мојот брат Валентино.

Нападот,кој е и физички и вербален,е од страна на градоначалникот на Крушево.

Имено,таткото на градот,неможејќи да ги поднесува вмровците,почна да ги напаѓа јавно,среде чаршија.

Нападнатиот Валентино Деспотоски,пазарејќи си в чаршија,наишол на Томе.

Томе Христоски,навредувајќи го Валентино со зборовите "селанец,ропак,сега си Крушево",го фатил за врат и му удрил шамар и клоца,заканувајќи му се дека цела фамилија ќе му ја сотри!


Настанот е пријавен во полиција.


Згрозен сум од овој чин и очекувам институциите да си ја вршат својата работа и да бидат преземени сите соодветни мерки!


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum