ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ХАЛИМИ: Општина Арачиново е без данок на имот оти има голем број дивоградби

Општина Арачиново има голем број дивоградби, кои е тешко да се легализираат и затоа нема ниту еден денар од данок на имот.

Вака градоначалничката Милитие Халими објаснува зошто Арачиново е единствена општина во Македонија што нема собрано ниту еден денар од данок на имот.

– Општина Арачиново, за жал, има и голем број на корисници на социјална помош. Секако проблемите со дивоградбите од минатото и финансиската неможност на семејствата за легализација влијаат врз собирањето на данокот. Ние како општина аплицираме за сите отворени проекти и фондови, вели Халими за 24 Вести.

Таа додава дека Арачиново е рурална општина и дека во минатото била запоставувана од претходните градоначалници и претходните влади.

Ова пбјаснување од Халими доаѓа по информацијата од пред две недели дека Арачиново е единствена општина која нема ни даночно одделение.


извор: denesen.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum