Ѓорѓиевски: Директорот на "СТРЕЖЕВО" си го вработил идниот зет и синот на техничкиот директор



НЕПОТИЗАМ И ФАМИЛИЈАРНИ ВРАБОТУВАЊА ВО ЈП „СТРЕЖЕВО“


Почитувани Битолчани,

Функционерите на СДСМ упорно си тераат партиска агенда и со Државните претпријатија се однесуваат како со личен имот вработувајки исклучиво по партиски клуч.

Во случајот на ЈП „Стрежево“ „инвентивниот“ Директор Менде Граматковски оди „степен повисоко“ односно злоупотребата со вработувањата ја унапреди на повисоко ниво реализирајки ФАМИЛИЈАРНИ вработувања и НЕПОТИЗАМ па покрај „вдомување“ на околу 30-тина партиски активисти на СДСМ почна да вработува и деца на актуелни вработени во Претпријатието.


Но, да одиме по ред: Директорот Граматковски изврши злоупотреба на функцијата и го вработи својот иден зет за ќерка што е класичен пример за непотизам, а исто така го вработи и синот на Јован Дојчиновски актуелен Технички директор во Стрежево. Во Стрежево работни места добија и синот на Јован Адамовски Раководител на одделението за електроенергетика и Мартин Белокозовски кој од член на Управниот одбор на Стрежево сега доби работно место од Граматковски што исто така говори за огромниот конфликт на интереси и при ова вработување.


Јавно го прашуваме Директорот Граматковски дали во ЈП Стрежево покрај гореспоменатите вработи и двајца блиски роднини на високи функционери во СВР Битола и дали за нивното вработување побарал некаква противуслуга?


Од Директорот Граматковски бараме лично и јавно да ги објави имињата на овие вработени и да ги каже критериумите по кои тие се примени, дали освен нив имало и други пријавени на конкурсите за вработување кои немале квалификации како избраните, а воедно ги повикуваме надлежните институции и Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски наместо да брои чаши испиена вода на министрите да му предложи на Владата разрешување на Директорот на ЈП„Стрежево“ Менде Граматковски.


Ѓорѓи Ѓорѓиевски - член на ОК ВМРО ДПМНЕ - Битола


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum