ГОРАТ ДИВИ ДЕПОНИИ И КАБЛИ НА БИТОЛСКОТО МААЛО БАИР


Откако се ставени заштитни огради на обиколницата над Битола, смет не се пали на патот, туку низ дивите депонии во неурбанизираната населба Баир. Од Пожарната велат дека скоро секој ден добиваат повици да гаснат запалено ѓубре. На 8 март, беа повикани два пати во една вечер да гаснат ист пожар на крајот од улицата Дебарска, под мостот до каде не води асфалтен пат. „Пожарникарите само што го изгаснаа пожарот на дивата депонија и се вратија, повторно добивме повик дека гори на истото место, по што екипата пак гаснеше таму. Постојат индиции дека некој потпалува. Интервенцијата е отежната, зашто до местото каде што се наоѓа депонијата нема асфалтен пат. Мора да одиме по околниот, да спуштиме црева за вода, па да се симнеме. Скоро секој ден имаме повици за запалено ѓубре на Баирот. Палат дури и зад оградите на обиколницата“, велат од Битолската пожарна.

Освен ѓубре и гуми, се палат и кабли. Само за да се дојде до некој грам бакар, цела населба дише црни чадови. Пред осум години имаше забарана за откуп, но траеше кратко. Денес, социјалните мрежи се преполни со огласи за откуп на старо железо, алуминимум, бакар, месинг. Цена по договор, а го подигаат и од дома. Низ улиците во Битола секое утро како будилник минува возило кое на разглас емитува реклама за откуп на старо железо.


извор: sdk.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum