Гинекологот од Струга со ординацијата на диво, продолжува да биде директор на струшката болница!

Мухамед Асани, гинекологот кај кого Државниот санитарен инспекторат дома најде нерегистрирана гинеколошка ординација продолжува да биде директор на струшката болница. Од Министерството за здравство за „Слободен печат“ велат дека во тек е стручен надзор за предметот каде родилка од Дебар по породувањето остана без матка, бубрег и јајник и дека по надзорот јавноста ќе биде известена за заклучокот.


Надзорот го спроведува Лекарската комора каде член е и доктор Асани. Тоа што ДСЗИ кај него дома најде нерегистрирана ординација која што функционирала со години не беше доволно за да биде сменет од директорското место во струшката болница. Јавноста особено се вознемири што на Асани му беше издадено решение за забрана за вршење на здравствена дејност во ординација која воопшто не ни била регистрирана. Најнапред морало да има решение за вршење на дејност, а дури потоа решение за невршење на дејноста. Со оглед на тоа што докторот воопшто немал решение за вршење на дејноста, останува непознаница како му било издадено решение за невршење на дејноста. Освен за овој случај, инспекторите направиле и вонреден инспекциски надзор за двегодишното дете од Дебар за кое што семејството го обвинува Асани дека се наоѓа во здравствена состојба да има церебрална парализа поради несоодветно изведено раѓање.


Гинеколошката ординација како што посочија од ДСЗИ била комплетн опремена, со чекална, рецепти, гинеколошки стол. Асани дал изјава пред инспекторите дека ординацијата ја има, но во неа не прегледува.



извор: slobodenpecat.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum