Германски новинар ќе го прераскажува „Пеколот во Битола“ меѓу Пелистер и Лемго

Во недостаток на ракометни настани, спортските новинари се насочуваат кон минатото и ја користат оваа прилика да се потсетат на случувањата во изминатите неколку години. Но, има и такви кои „копаат“ подлабоко и се навраќаат дури во 80-те и 90-те години, за да им овозможат на помладите генерации да се запознаат на начинот на кој што во тој период се играше ракометната игра.


Нешто што би требало да биде интересно за македонските фанови, особено оние од Битола, ќе биде проектот кој го започна германскиот новинар Саша Штат. Тој неодамна собра потребни средства кои ќе ги искористи за да направи мини-документарец посветен на мечот во март 1996 година меѓу Пелистер и Лемго.

Легендарното соочување пред 24 години важи за еден од најтажните денови во историјата на битолскиот клуб. Пелистерци беа на прагот до финалето на Купот на победниците на Куповите, но за малку не успеаја да ја анулираат негативата од два гола на гости во Германија. Сите се сеќаваат и на ракометната „треска“, проблемите со паркетот, доцнењето и амбиентот за незаборав.

Токму оваа ракометна приказна ќе биде раскажана во филмот на Штат, кој ќе добие помош од поранешниот германски репрезентативец Даниел Стефан и неговиот новинарски колега Јерг Хагеман.

Доколку успееше во својата намера, Пелистер ќе го оствареше најголемиот успех во историјата на македонскиот ракомет во тој период. На крај остана покус, но тој ден засекогаш ќе остане во сеќавање на ракометните фанови во Македонија, но и пошироко.

извор: gol.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum