Германската амбасадорка: Договорот со Бугарија мора да се спроведе

Меѓу Македонија и Бугарија има добрососедски односи. Бугарија прва ја призна Македонија како независна и е силен поддржувач на европеизацијата на целиот регион, особено на процесот на приближување на Македонија кон ЕУ.

Освен тоа, постои и Договор за добрососедство и, според мене, тој треба да се исполни со живот и консеквентно да се спроведе, рече денеска амбасадорката на Германија во земјава, Анке Холштајн.

Во интервјуто за Студио 10 на Телевизија 24, Холштајн истакна дека Германија и натаму ќе остане силен поддржувач на Македонија. Важно е, порача, да се искористи времето за реформи и Европа да се донесе во Македонија.



извор: infomax.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum