Фридом хаус: МАКЕДОНИЈА ЗАГЛАВЕНА ВО КОРУПЦИЈА И ДИРИГИРАНО СУДСТВО

Додека гласачите се во голема мера слободни да донесуваат политички одлуки, извештаите за заплашување и купување гласови остануваат вообичаени. Патронажните мрежи остануваат влијателни во политичкиот живот и можат да влијаат на политичките исходи, се вели во извештајот на „Фридом хаус“ за Македонија.


„Правото на праведно судење останува компромитирано од корупцијата патронажата во судскиот систем, во кој јавноста има мала доверба. Политичкото мешање во работата на обвинителите останува проблем. Селективната примена на правдата исто така останува, иако владата спроведе некои реформи со цел да се подобри проблемот. Апсењето на Специјалниот обвинител во 2019 година ја ослабна севкупната антикорупциска агенда на владата на СДСМ“ велат од „Фридом хаус“


Во извештајот се додава дека трговијата со луѓе останува проблем, како и дека  сивата економија е голема, оставајќи голем број работници ранливи на злоупотреба од страна на  работодавците.


Исто така „Фридом Хаус“ истакнува дека  и понатаму остануваат грижите околу ефикасноста и независноста на судството.


„Корупцијата останува сериозен проблем каде се зголеми неказнивоста на корумпираните владини функционери, вклучително и членови на парламентот и судството.“ се потенцира во извештајот на „Фридом хаус“ 

извор: vecer.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum