(ФОТО+ВИДЕО) Минеаполис гори поради смртта на црнецот под коленото на полицаец

Насилни протести поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд при полициско апсење го тресат американскиот град Минеаполис веќе трет ден.

Градоначалникот Џејкоб Фреј побара од гувернерот на државата Минесота да ги испрати воените трупи на Националната гарда.

Протестите кои почнаа во вторникот траат и денес, и се најразорни од смртта на Флојд, кој беше снимен како се задушува додека за време на приведување полицаец со колено му го стиска вратот речиси пет минути. На снимката се слуша како Флојд го моли полицаецот да го попушти притисокот и кажува дека не може да дише и престанува да зборува и мрда.

Градоначалникот замоли за мир и напиша на Твитер: „Те молам Минеаполис не можеме да дозволиме една трагедија да донесе други трагедии“.

извор: mkd.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum