(ФОТО+ВИДЕО) АРХИВА: Кога фудбалот во Македонија имаше смисла - првиот македонски фудбалски куп

Љубители на фудбалот? Денес ќе ве вратиме во 1993 година кога се одржа финалето од првиот македонски фудбалски куп. Оваа слика е прекрасна глетка и воедно и споредба од колку спортот во нашата држава се промени во 27 години.

На сликите ќе заприметите како има полни трибини од љубители на спортот. Натпреварот е помеѓу ФК Вардар и ФК Пелистер кој беа првите финалисти на купот, каде ФК Вардар со 1:0 стана првиот победник на купот на Македонија. Навивачите во тоа време не беа сопрени, туку добредојдени на трибини. За разлика од денешните натпревари помеѓу овие два ривали, државата се труди трибините на овој ривалски натпревар да бидат сосема празни за да се избегнат несакани инциденти помеѓу навивачите.


Во ова време на коронавирус, каде секаде низ светот фудбалот се враќа во празни трибини, сите гледаме дека фудбалот без навивачи не е фудбал. Каде ќе не одведе времето, не знаеме, ама едно е сигурно, тоа што во Македонија мора да се направи нешто за враќање на спортскиот дух кај играчите како и навивачите како што беше во ова прво финале.


Сега во продолжение ви нудиме кратко видео да погледнете дел од атмосферата:


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum