(ФОТО) Вака СДСМ МЕСТИ СЛЕДНА ГЕНЕРАЦИЈА СВОИ СУДИИ

Рајчевци и Здравевци си се наместија, читај народе без срам и мерка, коментира судијата Владимир Панчевски за ранг листата за приемот на нови 60 слушатели на почетна обука како седма генерација на Академијата.


Како што открива судијата, меѓу следната генерација на судии и обвинители кои ќе излезат од Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ се и ќерката на обвинителката Лиле Спасова, која го координираше „Поткуп“ и го поништи „Монструм“.


Потоа, ќерката на Гордана Смаќовска, заменичката на Вилма Рускоска, која како што потсетува Панчевски, покрена кривични против полициските службеници кои му сметаа на Оливер Спасовски.


Синот на новиот врховен судија Наќе Ѓорѓиев, кого го подготвуваат за нов претседател на Врховниот суд, кој е известител во жалбениот совет токму за Панчевски.

Синот на претседателот на Судски совет Киро Здравев, кој гласаше за разрешувањето на Панчевски.


Ќерката на Цветанка Иванова, поранешна пратеничка на СДСМ и секретар на Собранието.

Синот на Елизабета Јосифовска, обвинител во фамозното СЈО за која видовме дека се офајдила од скандалозните бонуси и исто така и си ја вработи ќерката во СЈО.

Синот на Ацо Колевски кој стана Претседател на совет на јавни обвинители

Синот на Талат Џафери, функционер на ДУИ и претседател на Собранието


извор: vecer.mk



29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum