ФОТО I НОВ СКАНДАЛ: Еди Рама влезе во кампањата за попишување во Македонија

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска го пречека вицепремиерот Груби со порака на која е напишан веб-сајтот за попишување на дијаспората на пописот во Македонија. Ова претставува уште еден скандал во низа, кој повторно вклучува вмешување на странски држави и функционери во процесот на попишување на нашето население.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби за време на вториот ден од престојот во Албанија, денеска се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама.

На средбата, Груби му рече на Рама дека е за поздравување фактот што меѓу двете земји немало и нема ниедно отворено прашање, дека речиси сите успеси се заеднички, и чекорот кон членството во НАТО и дури сега патот кон интеграцијата во Европската Унија.

Груби и Рама разговараа и за спорот што во последните месеци се реактуализира меѓу Македонија и Република Бугарија, каде се согласија дека проблемите и отворените прашања меѓу соседите треба да се надминат само преку дијалог.


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum